-->

Препораките за непроширување на ЕУ се крајно лоши

Пораки што можат да се слушнат од некои европски парламентарци дека проширувањето на Европската унија мора да почека, со исклучок на Хрватска, „се крајно лоши“, оцени австрискиот социјалистички европратеник Ханес Свобода.

- Пораката е многу негативна и обесхрабрувачка за владите од регионот. Дури и сега многу од нив работаат бидејќи знаат дека ќе требаат години за прием. Лидерите размислуваат - зошто би работел кога би можел да бидам јак премиер, наместо да работам на компромисите и внатрешните реформи, истакнува Свобода.

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа Дорис Пак претходно изјави дека „секоја држава од Западен Балкан има перспектива да стане членка на ЕУ“.

- Но, секоја држава од Западен Балкан, ако нивните политичари навистина реално размислуваат, како и нивните медиуми, знаат дека во наредните пет години една или две држави можат да се приближат до Унијата, со што би биле поблиску до вратата, но нема да можат да влезат низ неа, истакна Пак.

 

Copyright © 2009 selotejp.com