-->

Како креациите на славниот Benz – Mercedes F-Cell Roadster

Ретро роудстерот на Mercedes, конструиран како креациите на основачот на компанијата и првиот човек кој конструираше автомобил, Benz, најавува нова ера во автомобилизмот, со погон на водород преку горивни келии и едноставен дизајн со употреба на помалку материјали.



Како што првиот автомобил на компанијата ја почна ерата на автомобилите, така овој автомобил треба да ја почне ерата на нови погони, како што е водородот. F-Cell роудстерот на Mercedes се движи со помош на водородни горивни келии со вкупна сила од 1,2 kW, доволни за максимална брзина од 25 km/h. Со полн резервоар водород, пак, возилото може да помине 350 km. Управувањето е целосно преку џојстик, како би де нагласила благата футуристичка линија во дизајнот.



Надворешно, најзабележителни се тенките тркала, слични на оние од пред повеќе од еден век, кои најмногу придонесуваат за ретро изгледот. Инаку, заради задржување на ниската маса, автомобилот е целосно изработен од карбон фибер и фиберглас, додека суспензијата е слично изведена на онаа на спортските отворени автомобили.

F-Cell Roadster е проект на 150 студенти за дизајн и нормално, нема никакви шанси тој да се појави на патиштата. Овој модел, едноставно служи за покажување на можните правци кон кои треба да се стреми авто индустријата, како намалување на масата на автомобилите и тежнеење кон нови, почисти решенија за погонот.







 

Copyright © 2009 selotejp.com