-->

Bang & Olufsen BeoVision 4-103

Ма какви 50-60 инчи, тоа се бројки за мали деца. Доколку сакате да ги импресионирате роднините, пријателите и непријателите, тогаш постои само еден избор - Bang & Olufsen BeoVision4-103.

Инаку, не ја рецкаме многу фирмава и сметаме дека е една од оние кои ќаруваат на будали со прескапи и просечни производи, но мора да признаеме дека со џиновскиов телевизор овој пат направија вистински погодок.

Bang & Olufsen BeoVision4-103 има дијагонала на екранот од дури 103 инчи или 262 сантиметри, што е поголемо од димензиите на просечната македонска дневна соба во новоградбите. Телевизорот чини 137.000 долари и создава вистинска дилема - да се купи ваков ТВ или спортски автомобил? Со телевизорот, производителот препорачува дополнителна опрема во вид на сараунд од 5.300 долари.

Инаку, телевизорот тежи неверојатни 500 килограми и има автоматски држач кој го ротира по потреба. Резолуцијата на екранот е 1920х1080, а телевизорот автоматски го рекалибрира екранот на секои 120 часа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com