Осум луѓе беа повредени денеска при напад пред детска градинка во францускиот град Лион.
Инцидентот се случил околу 11.30 часот по локално време, кога родителите ги земале децата од градинката.
Според радиото „Фран енфо“, ниту еден од повредените нема потреба од медицинско лекување. Нема настрадани деца во пукотниците со пушка, кои дошле од зградата отспротива.
Претходно, лицето кое пукало почнало да вика на една од жените, која ги земала децата од градинката.
Полицијата ја блокирала областа за да ги утврди причините за пукањето и трага по напаѓачот.