УЕФА планира на клубовите да им предложи ограничување на бројот на играчи до 25, со што би се намалиле се поголемите трошоци за плати предизвикани од економската криза. Вилијам Гаљард, специјалниот советник на преседателот на УЕФА Мишел Платини оцени дека со намалувањето на бројот на играчите клубовите полесно ќе можат да ја поднесат финансиската криза која се заканува да го здрма и најпопуларниот спорт. Гаљард наведе и дека сеуште е актуелен планот на Платини според кој клубовите за плата и трансфери на играчите би можеле да издвојат 50 до 60 отсто од приходите, но дека сеуште не е разработена неговата форма. |
УЕФА планира максимум 25 играчи во клуб
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)