Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди дека полицијата ги презела сите мерки за обезбедување, без употреба на сила на протестниот собир, што се одржа во саботата против изградба на црква на плоштадот „Македонија, при кој дојде до тепачка меѓу противниците на изградбата со поддржувачи на проектот.
- Врз основа на полициски снимки досега се идентификивани 23 лица на возраст од 20 до 52 години, кои биле учесници на протестниот собир, против кои ќе бидат поднесени прекршочни пријави, две за физички напад, а 21 за нарушување на јавниот ред и мир, информира денеска на прес-конференција министерката Јанкулоска.
Таа додеде дека во полициската станица Центар е во тек идентификација на други учесници во собирот и оти ќе следуваат санкции против нив доколку се утврди одговорност.
- Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврди дека од страна на полициските службеници биле преземени потребните мерки за обезбедување на протетот без да се употреби сила. Притоа е констатирано дека треба да се има предвид оти организаторот спротивно на законот собирот не го пријавил благовремено, не организирал редарска служба, не го прекинал или одложил во моментот кога постоела опасност за безбедноста, рече Јанкулоска и додаде дека најкарактеристично за настанот е што без никаква најава непредвидено дошло до промена на планот за протестот што довело до неможност да се постапува според првичниот план.
Јанкулоска нагласи дека правото на јавен протест е демократско и уставно, но тоа мора да се користи исклучиво во согласност со законите бидејќи во спротивност секогаш постои опасност да дојде до несакани настани. - За разлика од немилите сцени од минатото кои останаа во колективната меморија на македонските граѓани кога полицијата брутално тепаше студенти и граѓани на јавни собири, овојпат беа спречени инциденти и никој не се здоби со сериозни повреди, рече Јанкулоска.
Тоа, додаде таа, можеби некому не му се допаѓа и не му оди во прилог на политичката агенда, но за нас е најважно дека тие кои не се согласуваат со тоа останаа без материјал за обвинување за прекумерна употреба на сила.
Според Јанкулоска, до МВР е доставено само едно известување за протест против изградба на верски објект.
Министерката за внатрешни работи изнесе детално обајснување на ставовите на лицата кои се приведени од двете групи кои учествуваа во тепачката. - Во текот на разговорот повиканите лица од протестниот собир појасниле дека во моментот кога се обиделе да формираат круг на средината на Плоштадот кон нив наишла поголема група на граѓани која била собрана за да даде поддршка на изградба на црквата и притоа започнал вербален дуел со разни навреди, но имало и обид за физички да ги нападнат. Според нивното кажување тие возовратиле на навредите настанала гужва и тие заминале кон кејот на реката Вардар, рече Јанкулоска.
Според неа, повиканите лица на разговори од втората група кои ја поддржувале изградбата на црквата појасниле дека им се приближила групата која протестирала со кренати транспарентни што било разбрано како провокација на која револтирано реагирале. - Се упатиле кон нив и почнале вербален дуел со разни навреди, пцовки, закани и притоа неколку лица од истата група се приближиле до нив и почнале да ги туркаат. Во тие моменти присутните униформирани полициски службеници интервенирале и успеале да ги раздвојат и е сперечно поголемо нарушување на јавниот ред и мир, посочи Јанкулоска.
Таа го презентира детално и освртот што го направил секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. - Утврдено е дека веднаш откако е пријавен пртстетот бил изготвен план за постапување за да може полицијата соодветно да се постави и да реагира, а организаторот не побарал обезбедувањето да го врши полицијата. Од исказите на служените лица е констатирано дека учесниците на протестот, кога пристигнале на плоштадот виделе дека таму е собрана далеку побројна група, но организаторот одлучил и покрај тоа да не го прекине протестот по што му било укажано да не провоцираат и да не дозволат да бидат испровоцирани. Во тој момент двете групи биле раздвоени на поголемо растојание, а полициските службеници соодветно распоредени на местото каде првично бил најавен протстот. Околу 12 часот еден од учесниците на протестот му се обратил на одговорниот полициски службеник, прашувајќи го дали сме подготвени со намера да тргнат кон централниот дел на плоштадот. Полицискиот службеник му рекол да причекаат неколку минути по што повторно ќе бидат известени од негова страна, за да бидат извршени консултации и прегрупирања на силите согласно новонастаната состојба. Непочитувајќи го укажувањето, во текот на прегрупирањето и распоредувањето на полициските сили групата се приближила на околу 20 метри до другата страна по што меѓу нив првин дошло до навреди и довикувања, а полициските службеници кои биле најблсику веднаш се поставиле меѓу нив за да спречат да не дојде до физички напади и насилство. По кратко време сите полициски сили биле распоредени и дошло до стабилизирање на состојбата, појасни Јанкулоска.
Прашана дали полицијата ќе покрене постапка против главниот и одговорниот уредник на ТВ „Сител“ Драган Павловиќ, за јавно искажани закани во емисија на Наша ТВ против шефот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Љубомир Фрчковски, Јанкуловска рече дека се работи за јавно искажан збор и ако е употребен говор на омраза тогаш ќе постапи Јавниот обвинител во рамки на своите овластуавња.
На новинарско прашање кога точно се сретнала со раководството на Здружението на бранители „Достоинство“, за што вчера информира преку соопштение, Јанкулоска одговори дека тоа е пред повеќе месеци наназад. - Тоа е во оној перод кога како граѓанска иницијатива законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили беше доставен како иницијатива во Собранието. Тогаш јас и неколку колеги од Владата во неколку наврати имавме средба со претставници на Здружението каде како платформа и модел го понудивме хрватското искуство, но од страна на раководството на Здружението не наидовме на спремност за какви било отстапки од нивниот предлог.
Како реакција на тврдењата дека е остварена средба лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов преку соопштение ја повика министерката Јанкуловска на јавно телевизиско соочување.