Овој ѕвер на четири тркала од пред неколку дена ги придружува учесниците и се грижи за безбедноста на патеките на F1. За жал, Mercedes-Benz SL63 AMG не е автомобил кој може да го поседува секој смртник.
Всушност, досега се направени вкупно два вакви автомобили. Едниот дебитираше во Австралија минатиот викенд, а другиот сеуште служи само како верна замена на првиот. Автомобилите се специјално дизајнирани за да овозможат помош секој пат кога безбедноста на трката е загрозена од незгоди, без разлика на временските услови и опасните ситуации кои може да произлезат.
Ова импресивно возило е опремено со 6.3-литарски V8 мотор од 525 коњски сили, кој може да постигне брзина од 0 до 100 км/ч. за помалку од 4.4 секунди. Располага со 7-брзински спортски менувач со кој може да се менуваат брзини за само 100 милисекунди.