Австралија е позната по строгите закони околу класифицирањето на компјутерските игри, а од минатата недела во оваа земја е забранета продажбата на некои од најпопуларните игри на денешницата.
Австралиското биро за класификација на филмови и книги (OFLС) се грижи за сигурноста на своите граѓани и за видео игрите кои би можеле да им наштетат. За жал, за помладите гејмери во Австралија многу игри се забранети.
Со препорака на OFLC, австралиската влада ја забрани продажбата на сите ММО игрици, а меѓу нив се најдоа речиси сите "масивки" освен EVE Online и Vanguard, вклучувајќи ги и мегапопуларните наслови како World of Warcraft и Warhammer Online.
Се додека издавачите на моментално илегалните игри во Австралија не побараат нова класификација од OFLC, играчите нема да можат да се купат во слободна продажба, додека трговците кои ги имаат во својата понуда може да заработат казна од 17.500 американски долари или двегодишна затворска казна.