-->

Vuzix iWear

Компанијата Vuzix го пушти во продажба долго најавуваниот преносен видео плеер iWear кој се носи како наочари.

Во изминативе години се изнагледавме слични направи, но ниедна од нив не стана хит (иако никој од индустријата тоа не сака да го признае) бидејќи од ваквите гаџети ќе ве здоболи глава по час или два.

Vuzix iWear носи неколку новитети кои би требало да ги исправат грешките на сличните направи: прикажува виртуелен петнаесетметарски дисплеј кој вашите очи го перцепираат на растојание од 274 сантиметри, а за секое око можете да подесувате диоптрија од +2 до -5.

Батеријата трае 5,5 часа, што би требало да е доволно да се убие досадата и на прекуокеански лет.

Уредот е достапен на страницата на производителот за 249,95 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com