Иако новиот Golf од шестата генерација се појави неодамна на пазарот, наследникот наводно би требало да стигне пред рокот - 2012 година.
Според пишувањето на британскиот Autoexpress, новиот Golf од седмата генерација ќе доживее еволуција на дизајнот, но затоа вистинските промени ќе останат скриени под кожата. Како што тврдат, радикалните промени кои ја чекаат новата генерација Golf можат да се мерат со оние кога Ford во 1998 изнемоштениот Escort го замени со Focus.
Британците тврдат дека новиот Golf ќе добие нова платформа поради која наместо зголемување на димензиите ќе доживее нивно намалување. Ќе се смали и масата на автомобилот, па поради ова помодерните мотори ќе нудат уште подобри перформанси.
Autoexpress спомнува и хибриден склоп. Технологијата Twin Drive со 1.5 TDI агрегати и три електромотори би требала да овозможи ултраниска потрошувачка од само 2.08 литри на сто километри.
Во комбинација е наводно и нов бензински мотор HCCI без свеќички "кој мисли дека е дизел" и ја комбинира склоноста кон високи вртежи и ниска емисија на издувни гасови со уште пониска потрошувачка.