Има ли нешто што Јапонците, Корејците или Германците можат да направат, а да не биде ископирано од Кинезите? Автомобили, компјутери па и мобилни...ништо не е проблем кога на дело ќе се покажат малите кинески рачиња.
Samsung Omnia спаѓа во рангот на малку подобрите, а со самото тоа и поскапи телефони. Секако дека Кинезите нема да пропуштат прилика да ископираат нешто вакво. Во духот на традицијата, давањето на смешни и глупави имиња кои би требало да потсетуваат на оригиналот стана обичај, па така овој крш од мобилен се вика Sumsang Omnia.
Според спецификациите, мобилниот има дисплеј од 320х240 пиксели, мп3 плеер, камера од 13 мегапискели (ма, дааааа :))) ), USB слот и микро SDI слот. Оперативниот систем кој се врти на овој мутант од телефон е кинеска копија на Windows Mobile, а на сите нас ни е искрено страв од самата помисла како сето ова наведено функционира во практичната употреба.
Единствената добра работа кај Сумсангот е цената - овој мобител чини речиси 120 долари и ако сте од оние кои во кутија од Малборо ставаат "Родео" или "19-ка" или цела недела јадат бурек за да можат да пијат виски кога ќе излезат на забава, тогаш ова е вистинскиот мобилен за вас.