На мобилниот конгрес во Барселона, Samsung и официјално го претстави мобилниот телефон Show W7900 кој има вграден проектор. Уредот е познат и под ознаката i740, а може да проектира слика со дијагонала од 50 инчи на растојание од 1,3 метри.
Овој модел на Samsung има импресивен WQVGA (400 х 240 пиксели) дисплеј на допир со големина од 3.2 инчи и приказ на 256К бои. Камерата е со резолуција од 5 мегапиксели и автоматски фокус.
Димензиите на уредот се 118,8 х 55,9 х 17,8 милиметри, располага со внатрешна меморија од 150 МВ и има слот за microSD мемориски картички (поддржува до 16GB).