Шведската Влада целосно ја исклучи можноста да ја откупи автомобилската фабрика SAAB од американскиот автомобилски гигант General Motors. Наместо купување или давање заем, владата им нуди дозвола - да одат под стечај.
"Шансите за опстанок на SAAB не се воопшто добри", изјави шведската министерка за стопанство Мауд Улофсон. "Тие воопшто немаат никаква идеја за развој на својата компанија и за остварување профит. Тоа не вознемирува и не зачудува", додаде Улофсон.
Шведските медиуми повикувајќи се на владини извори тврдат дека шведската Влада сега е подготвена да му дозволи на SAAB да оди под стечај.
Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд изјави дека мора да постојат вистински гаранции, доколку државата би се решила да одобри заем за SAAB.