-->

Службени слики од Opel Ampera

Ова не е нов автомобил, туку под името Ampera се крие автомобилот далеку попознат како Volt. Станува збор за првиот GM, односно Chevrolet хибрид. Ampera на европскиот пазар би требало да се појави најкасно до 2011, а Opel веќе најави дека оваа студија ќе се појави на Женевскиот саем за автомобили во Март.



Се верува дека овој автомобил ќе биде скоро идентичен со Chevrolet Volt. Сличноста е забележлива не само во целокупниот облик на автомобилот туку и во поединечните детали. Најголемата разлика ќе биде во предната маска, т.е. предниот браник. Во секој случај и Ampera ќе има четири врати и ќе можат да се сместат 5 патника.

Ampera ќе ја придвижува Voltec – нова изведба на GM-овиот E-Flex plug-in хибриден мотор, неодамна претставен на автомобилскиот салон во Детроит со концептот Cadillac Converj. Станува збор за систем кој се состои од мотор со внатрешно согорување и електричен дел, односно мотор и батерија.



За кратки растојанија, до 65km, Ampera ќе користи исклучиво струја од Lithium-Ion-ските батерии, кои можат да се полнат со стандарден европски домашен струен приклучок. Откако батериите ќе се испразнат на сцена стапува моторот со внатрешно согорување во улога на генератор кој со струја го снабдува електричниот погон.





 

Copyright © 2009 selotejp.com