-->

NVIDIA ни ја носи тридемензионалноста во видео игрите


Играњето на видео игрите е апсолутно забавно во сите сегменти,но отсекогаш недостасувало нешто што ќе ги направи игрите повеќе реални и подобри. NVidia мисли дека недостатокот е тридемензионалноста.Познатиот произведувач на хардвер и хардверски додатоци NVIDIA,во јавноста го покажа GeForce 3d Vision,својот најнов производ кој играњето на видеоигрите треба да ги подигне на едно сосема ново ниво,во овој случај на тридимензионално.

Овие наочари се напојуваат преку класичниот усб порт,додека со компјутерот комуницираат безжично со помош на инфраред врската.Спрема бројните написи на интернтет порталите и блоговите,тие кој имале прилика да го тестираат овој производ,изјавиле дека наочарите нудат искуство во играњето како ниедни наочари до сега.

Наочарите
GeForce 3d Vision би требале на пазарот да се појават по цена од 200 долари но за жал,ова не е единствениот хардвер кој ви треба за да уживате во ова 3Д играње.Имено овие наочари работат исклучиво со неколку одредени монитори. Samsung и Viewsonic pure 120 Hz LCD монитори, Mitsubishi DLP 1080p HDTV Lightspeed Design DepthQ 3D HD projector-па така за уживањето во 3Д треба да потрошите нешто повеќе пари од 200 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com