-->

New York Post го споредил Обама со убиено шимпанзо

Групите за човечки права остро ја осудиле карикатурата која ја објавил New York Post, а која би требало да го претставува Барак Обама, прикажан како шимпанзо кое е застрелано од полицајците. Борците за човекови права објаснуваат дека се работи за класична расистички стереотип кој Афроамериканците ги прикажува како мајмуни.



Карикатура на “Њујорк пост“ која прикажува убиено шимпанзо, а која би требало да го претставува претседателот на САД Барак Обама во Америка предизвикала лавина од бурни критики
Според оценките на некој американски медиуми, карикатурата ги исмева напорите на Обама да ја крене американската економијата од дното.

На спорната карикатура еден од полицајците вели “ќе мора да пронајдат некој друг за да го напише идниот пакет за помош на американското стопанство“.

Карикатуристот Шон Делон инспирацијата ја нашол во случките од пред два дена кога полицијата го убила шимпанзото кое нападнало жена.

 

Copyright © 2009 selotejp.com