-->

MSI претстави два нови ултратенки лаптопи

MSI одлучи сериозно да му се закани на Apple, барем кога се во прашање елегантните тенки преносни компјутери. Веќе имаат три: покрај неодамна претставениот X320, пристигнуваат и уште два нови модели.

Деталите за MSI X340 и X360 сеуште не се познати, но едно е сигурно: MSI ги позиционира како конкуренција на Apple, бидејќи и од далеку може да ја препознаеме сличноста во дизајнот со новите модели на Macbook Pro.

Oна што за нив се знае е дека X340 ќе има екран од 13.4 инчи, а X360 од 15.6, како и тоа дека ќе бидат многу тенки (сите три нови модели спаѓаат во серијата на MSI наречена X-Slim). Двата се базираат на платформата Centrino 2 на Intel, ќе имаат VGA и HDMI излези како и eSATA порт.

Целосните технички спецификации како и цените за овие модели се очекуваат на саемот CeBIT кој за неколку недели ќе се одржи во Хановер, Германија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com