-->

Mazda 3 MPS

Mazda ги објави првите фотки на новиот 3 MPS модел кој официјалната премиера ќе ја има наредниот месец на саемот во Женева.

Јапонците не ја открија тајната за техничките карактеристики на новиот автомобил кој е оценет како најбрутален модел на Мазда 3, а од штурото известување до медиумите може да се прочита дека под каросеријата на новиот MPS, ќе се најде ист, но можеби појачан мотор од претходната генерација - MZR 2.3 DISI Turbo.

Овој модерен четири-цилиндраш "пука" од снага, развива 260 КС при 5.500 вртежи во минута, има 380 Nm вртежен момент при 3.000 вртежи во минута, што на претходната генерација и даваше можност да забрза до "стотка" за 6.1 секунди и да постигне максимална брзина од 250 km/h.

Визуелните промени може да ги забележите и сами. Меѓу другите, со редизајнот тројката ќе добие ефектни алуминиумски фелни, голем заден спојлер, двократен издувен излез (два ауспуси де :) ) и голем "всисувач" над моторот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com