Mercedes не се откажува од Maybach иако резултатите од продажбата се катастрофални, а компанијата губи пари побргу отколку зависник од коцкање во Лас Вегас.
Помпезно најавуваниот Maybach денес не е повеќе толку добар како што тоа изгледаше пред десетина години. Екипата од Mercedes мора да сфати дека не е доволно само да се залепи етикета на Maybach на скап автомобил - за вистински Maybach потребно е многу повеќе. Maybach мора да има душа, а металните грдосии кои денес се продаваат под тоа име се целосно безлични.
Но, купувачи ќе има секогаш, ако поради ништо друго - барем поради престиж. Затоа, воопшто не е за чудење што Maybach најдобро се продава во арапските земји.
Од Mercedes најавија дека наскоро на улиците ќе се појави Zeppelin изданието на моделот 57. За 473.000 евра ќе добиете автомобил накитен со луксуз. Ако се палите на вакви работи, и можете да си го дозволите - бујрум.
Zeppelin ќе се произведува во само 100 примероци, но некако се сомневаме дека ќе се најдат 100 будали кои во денешното време на криза и штедење ќе купат толку скап, и да бидеме искрени - грд автомобил.