-->

Mенингитис во прав

Во француското млеко во прав Vitagermine наменето за деца е откриена опасна бактерија, објавија вчера ветеринарните служби во Јужна Кореја.

Јужнокорејските ветеринарни служби (NVRQS) открија знаци на ентеробактеријата саказаки во кутиите со млеко за прав наменети за малите деца, кои минатиот месец под етикетата на Vitagermine биле увезени во земјата. Оваа бактерија може да предизика менингитис и ентеритис.

Од октомври 2007 година речиси 1.500 кг производи на Vitagermine се извезени од Јужна Кореја, а 1.222 кг се пуштени во продажба.

Ветеринарските служби соопштија дека ќе ги испитаат и најновите пратки на производот кои сеуште не стигнале до полиците на продавниците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com