-->

Кометата Lulin и се приближува на Земјата

Ако следните неколку ноќи погледнете во небото, можеби ќе ја забележите кометата Lulin. Таа има зелена боја и ќе и се приближи на земјата на 38 милиони милји, најблиску што може да и се доближи на нашата планета.



Приложените фотографии ја прикажуваат кометата Lulin како свети на небото додека и се приближува на Земјата, а таа веројатно ќе биде видлива и со голо око во следните неколку ноќи. Нејзината боја е резултат на гасовите кои ја сочинуваат јупитеровата атмосфера. Вселенскиот патник е навистина активен, исфрла 800 галони вода во секунда за време на своето патување околу Сонцето, пишува Daily Mail. Тоа е доволно течност да се наполни олимписки базен за помалку од 15 минути.

“Изгледа дека ова е прва посета на кометата во сончевиот систем, и нејзино прво изложување на интензивна сончева светлина. Можно е да настанат некакви изненадувања.“- соопштено е од НАСА.



“Оваа комета испушта голема количина на гас, што ја прави идеална мета за набљудување на рендгенските зраци.- изјавил Ендру Рид од универзитетот во Леичестер.

Астрономите спектакуларната комета ја следат користејќи го Nasa Swift сателитот. Кометата Lulin ја открил 19 – годишен студент на фотографија која ја снимил во 2007 година во опсерваториумот Lulin на Тајван.






 

Copyright © 2009 selotejp.com