-->

Linux за комунисти

Поголемиот број на компјутерите од кубанската влада и останатите државни организации содржат некоја верзија на оперативните системи од Microsoft. Но, не за долго. Куба овој викенд ја претстави сопствената верзија на оперативниот систем базиран на Linux.

На почетокот на оваа недела кубанските компјутерски стручњаци започнаа со имплементацијата на оперативниот систем Nova, кој кога во целост ќе се инсталира на соодветните компјутери, целосно ќе ги замени решенијата на Microsoft кои моментално ги користат компјутерите на кубанските државни органи.

Кубанската влада се одлучи на овој чекор затоа што "системите на Microsoft се закана за државата, бидејќи американските безбедносни структури имаат пристап до кодот на Windows-от, па на овој начин им е овозможено лесно надгледување на Куба", изјави неименуван Кубански министер во разговор за Ројтерс.

Nova е оперативен систем базиран на Linux, но кубанските компјутерски експерти се прилично штедливи на зборови кога станува збор за информација за неговите спецификации.

Според некои спецификации, со новиот оперативен систем веќе се "удомаќиниле" 20% од кубанските компјутери.

 

Copyright © 2009 selotejp.com