-->

LG претстави телефон на соларна енергија

На овогодинешниот мобилен конгрес во Барселона, LG ја претстави својата нова и еколошки настроена мобилка, која е опремен со батерија која се полни преку соларен панел вграден на самиот телефон.

LG фаќа агресивен приклучок кон зелената иницијатива, која треба да обезбеди поздрава околина за сите нас. Ако до сега "LG" се толкуваше како "Life's Good", од сега па натаму компанијата може гордо да ја користи и фразата "Living Green".

"Примената на соларна енергија за напојување на мобилните телефони е пример за нашиот огромен напор за создавање на побезбеден и почист свет за сите наши корисници. LG и понатаму ќе продолжи со развој и инвестирање во производи кои даваат поддршка на еколошкиот начин на живот", изјави др. Скот Ан, претседател на LG Electronics.

Телефонот има пристоен изглед и атрактивни (читај - стандардни) функции. Според LG, изложувањето на овој телефон на сонце на само 10 минути е сосема доволно да го наполни телефонот и да ви обезбеди триминутен разговор со вашиот соговорник.

Од компанијата сеуште не го објавија датумот на излегување, ниту пак цената на овој телефон. Со нетрпение очекуваме повеќе детали за овој исклучително интересен мобилен апарат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com