32 нанометарското производство на Intel ќе му овозможи изработка на процесори со погoлем број на јадра. Ова ќе му даде голема предност на Intel во поглед на конкурентите, имајќи во предвид дека овие процесори ќе бидат наследници на најмоќните процесори на светот Core i7. Базирани на апдејтувана Westmere архитектура следната генерација high-end десктоп процесори ќе користат 32 нанометарска технологија,ќе имаат шест јадра, интегриран три канален DDR3 мемориски контролер и 12MB L3 кеш меморија, а ќе бидат познати под кодното име Gulftown . Според плановите на Intel, шест јадрените Gulftown процесори ќе бидат компатибилни со веќе постоечките X58 матични плачи кои се опремени со LGA 1366 сокетот. До доаѓањето на новите Gulftown процесорите ќе помине најмалку една година, а до тогаш топ понуда на Intel ќе се базира на 3.33 GHz Core i7 975 EE или 3.06 GHz Core i7-950. |
Intel подготвува 6 јадрен наследник на Core i7
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)