Microsoft ќе ја издаде финалната верзија на Internet Explorer 8 до крајот на март оваа година, објави интернет страницата TechARP, која е позната по точните предвидувања на корпоративните одлуки на MS.
По повеќе месеци поминати во бета фаза и излегувањето на RC верзијата, Internet Explorer конечно треба да се појави на пазарот идниот месец. Според предвидувањата, компанијата на Балмер треба да го објави новиот IE на 5. март, по што наскоро би требало да се појави и конечнатa верзија на "осмицата".
Новиот Explorer, како што најавуваат од Microsoft, треба да донесе подобрување во перформансите, стабилноста, но и најважно - безбедноста.
Според TechARP, ова би требало да значи дека Microsoft е одлучен во навремената презентација на официјалната верзија на Windows 7. Колку за потсетување, Internet Explorer 8 беше првично замислен да излезе во јавноста кога Windows 7 ќе стигне до RTM верзијата.