-->

Hyundai HED-6 спремен за Женева

hyundai-hed-6-koncept-1.jpgHyundai ги обелодени првите официјални фотографии од својот нов концептен кросовер кој светската премиера ќе ја доживее на почетокот од месец март на салонот во Женева .

Концептот го носи името HED-6 и е создаден во европското студио за дизајн на Hyundai кое се наоѓа во Риселхајм, Германија. Дизајнерите го опишуваат HED-6 како урбан номад.

Возило кое ги обединува културните влијанија од главните европски центри како Берлин, Париз, Лондон... Без оглед на влијанијата HED-6, сепак, во основа е предвесник на новата генерација на Tuscon.

Планот на Hyundai e наследникот на Tuscon да биде комерцијализиран кон крајот на годината како модел за 2010. Интересно е што името ќе биде задржано само за пазарите надвор од Европа. Додека на стариот континент новата генерација на Tuscon ќе се продава под името ix35.

Што се однесува до концептот HED-6 го карактеризира хексагонална предна маска која доминира, силно профилирана хауба и накосени предни светла кои личат како врв од копје спремно да прободува.

Сето ова му дава доза на агресивност на HED-6 која дополнително е нагласена со полираните леснометални бандажи со пречник од 21 инчи и двојните издувни цевки кои смело штрчат од краевите на задниот браник.

Hyundai за изработка на некои делови на HED-6 користи напредни материјали. Таков пример е задното три димензионално стакло кое личи како извајана скулптура и за кое е користен отпорниот Lexan место стакло.

Овој проѕирен пластичен материјал е познат од светот на мотоспортот каде се користи за изработка на визирите на кацигите и може да издржи удар од камен со брзина од + 500 km/h.

Hyundai HED-6 поради витката става изгледа помал од колку што прикажуваат вистинските димензии. Концептот е долг 4.4 метри, широк е 1.85 метри и висок е 1.65 метри.

Пространата кабина има место за удобен превоз на пет патници, но дизајнерите истакнуваат дека серискиот модел ќе има можност за доплата за трет ред на седишта и превоз на вкупно седум патници.

HED-6, а следствено и новиот Tuscon, односно ix35, го задвижува ново развиениот 1.6 литарски трубо дизел GDi кој ја користи најновата генерација на системот комонреил способна да извлече дури 175 коњски сили од релативно мала зафатнина.

Моќноста се пренесува на сите четири тркала преку исто така ново развиениот шест степен автоматски менувач дело на инженерите на Hyundai.

 

Copyright © 2009 selotejp.com