-->

Вирус напаѓа преку GTalk

Преку Google Talk услугата се шири вирус кој може сериозно да ја наруши приватноста на корисниците.

Вирусот се шири со праќање на пораката 'Hey check out this video! http://tinyurl.com/xyz'. Пораката обично доаѓа од познати корисници, па многумина од корисниците наседнаа на оваа финта и отидоа на дадената адреса, каде им било побарано да го внесат корисничкото име и лозинката за пристап на својот Google Talk, а се со цел за да го погледнат спомнатото видео.

Многумина ги впишале бараните податоци (додека има овци, ќе има и волна) па така им е грабнат корисничкиот профил за Google Talk. Наводно, веќе е пронајден и виновникот за изработката на овој вирус/црв, името му е Хоан Тон-Тат и живее во Сан Франциско. Сеуште не се знае какви последици го очекуваат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com