-->

Со Google до богатство

Еден американец тврди дека пронашол стар шпански брод полн со богатство благодарение на Интернетскиот програм Google Earth

Нејтан Смит седел зад својот компјутер и го користел сателистскиот Интернетски програм кога здогледал необична темна флека северно од местото Арансас Пас во Тексас.
Музичарот од Лос Анџелес ги контактирал експертите кои го посетиле „мапираниот„регион и извршиле испитување со детектор за метал и претпоставуваат дека бродот кој носел товар со богатство се наоѓа под дебелиот слој од кал.
Смит го барал товарот со злато и сребро кој се наоѓал на шпанскиот брод од 1822 година а кое се проценува на две милијарди долари.Но,иако е од правна страна можно да се прогласи за сопственик на „закопаното богатство„ и тоа по принцип „прв го видов„,сопствениците на земјиштето не дозволувааат да се изврши потребното ископувње.Случајот моментално се наоѓа пред судот во Хјустон.

 

Copyright © 2009 selotejp.com