-->

Нурнете во океанот со Google Earth 5.0

3D апликацијата Google Earth ја пушти својата петта верзија за преземање, со тоа што додаде историски слики, мапи на океанското дно и уште подобри опции за пат околу светот од вашиот десктоп.


Демо видеото кажува скоро сè. Со историските слики може да се навратите во времето и да видите како една локација се менувала низ годините. За истражувачите на морето, Google нуди слики и видеа од National Geographic. Конечно, ако сакате да го снимите вашето патување, постои нова Record опција со која лесно ќе го изведете тоа. [Google Earth]

 

Copyright © 2009 selotejp.com