Новото формирано парнерство помеѓу Garmin и Asus го произведе новиот заеднички производ - nuviphone М2.
Овој телефон се одликува со конвенционален дизајн и може да се смета како помлад брат на оригиналниот nuviphone G60.Телефонот М20 поседува VGA екран осетлив на допир големина 2,9 инча,HSDPA, Wi-Fi, aGPS и можност за избор помеѓу верзијата со четири и осум гигабајти простор.
Присутна е камера од 3 мегапиксели со геотаг опција која се активира по секое фотографирање.Телефонот лесно ќе се користи во автомобилот бидејќи има посебен држач за телефонирање при возење а во пакетот е вклучен и кабел за полнење.
Оперативниот систем под кој телефонот работи е Windows Mobile 6.1.
За сега нема податоци за цената и достапноста на М20 фелефонот