Освен овој дигиталец кој е наменет за напредните аматери, FujiFilm претстави уште неколку интересни апарати.
Моделот FinePix S1500 доаѓа со 10 мегапиксели резолуција, 12х оптички зум (33mm-396 mm еквивалент на фокусно растојание), двократна стабилизација на слика и висока ISO осетливост - до 6400, што овозможува подобри фотографии и во помалку осветлени услови.
Снимените фотографии можат да се прегледуваат на 2.7 инчниот LCD екран во две опции - High Speed Playback и Micro Thumbnail View, а она што може да му се забележи се АА батериите. Значи, нема литиум-јонска батерија на полнење.
Освен овој модел, FujiFilm најави уште неколку дигиталци - моделите FinePix J20 и J50 кои можат да се пофалат со резолуција од 10 мегапиксели и 3х, односно 5џ зум, а се наменети за корисниците кои сакаат "стилски апаратчиња кои се забавни и едноставни за користење, а воедно не се скапи".
Претставен е и моделот FinePix Z33WP, каде ова последното WP значи waterproof (водоотпорен), а освен со интересниот дизајн, може да се пофали и со технологија за препознавање лица и One Touch Movie копче, со чие притиснување веднаш започнува снимање на видео во VGA квалитет со 30 фрејма во секунда.