-->

И покрај падот на пазарот, на Fiat му расте продажбата

Италијанскиот Fiat и покрај падот на продажбата на возила во Европа, успеа да оствари раст во претходната година. Покрај растот во продажбата, тие оствариле и подобар профит.



Трговскиот профит, во 2008 во Fiat изнесувал одлични 3,4 милијарди евра, што е за 4% подобро во однос на претходната година. Покрај тоа, компанијата има направено обрт од 59,4 милијарди евра, што е раст од 1,5% во однос на претходната година (8,4% во првите три квартали поради финансиската криза подоцна).

Поради ликвидноста на 3,4 милијарди евра колку што бил профитот на Fiat лани, компанијата нема да препорача дивиденди за оваа година. Според тоа, доколку не се случат некои драстични промени, оваа година на економска криза, Fiat би можел да ја пречека поспокојно.





 

Copyright © 2009 selotejp.com