-->

Facebook дигнал бело знаме, се откажал од новите услови!

'Бидете сигурни дека сите лични материјали и податоци кои ги имате на Facebook и покрај бришењето на вашиот профил припаѓаат на нас.' Оваа информација страшно ги пободи светските медиуми и фејсбукерите ширум светот. Станува збор за промената на условите за користење на една од најпопуларните друштвени мрежи во светот која се појави пред една недела.

Имено, Facebook минатата недела променил само една реченица од условите за користење. Променет бил условот кој досега гласел дека 'Facebook не може да ги користи вашите приватни материјали по деактивирање на профилот'. Нормално, со промената Facebook ги поседувал тие материјали, односно не постоела никаква можност да се забрани нивното корисење. Со самата регистрација тоа бил условот кој не можел да се одмине, и доколку еднаш сте член, и по вашето откажување податоците останувале за нив.

На Facebook одредени членови отвориле група 'Народот против новите услови за користење', која за кратко време имала 10.000 члена.

После се што се счичило, Facebook морал да дигне бело знаме и да се откаже од овие измени. 'Во последните неколку дена добивме бројни коментари и прашања за новите промени'. На основа на повратните информации од нашите корисници, одлучивме да се вратиме на старите услови за користење се додека не ги разјасниме сите проблеми кои испливале на површина, објаснил сопственикот Zuckerberg.

Сепак по бришењето на вашиот профил, 'би требало' да се избришат сите ваши лични материјали, фотографии, видеа... Да се надеваме дека е така!

 

Copyright © 2009 selotejp.com