-->

Како настанале имињата на топ техно брeндовите

Стојат ли зад имињата како што се iPod,Android или Xbox мозоци,машинерии за истражување на популарноста на слоговите и моќните маркетинг компании или пак се досетил анонимен вработен во компанијата додека бил на пауза или ?

Во модерниот свет односот со јавноста,лобирањето или со постојаните бомбардирања на информации,новите производи и информациите за нив за успех не е потребно само да се има квалитетен производ.Тој квалитетен производ мора да има звучно име и смислените имиња на познатите производи во новите верзии се заменети со нешто прилично безврска што исто така пробудува интересирање.

Windows 7


Новиот Windows го очекуваме крајот на оваа година.Името 7 е одбрано по наједноставен можен принцип.Впрочем се работи за седма генерација на Windows.Изгледа Microsoft се врати на едноставно именување откога Windows со амбициозното име Vista се покажа прилично непопуларно.Едноставност демонстрира во имињата Windoes 95 излезен во 1995 година или Windows 2000.

BlackBerry


Фирмата RIM (Research in Motion) за именување на својата прва направа која овозможувала примање и праќање на електронска пошта, за именувањето на таа направа изнајмила надворешен консултант кој им советувал да побегнат од имињата кои завршуваат на е-маил.Фирмата Lexicon Branding на шефовите од RIM им докажала дека терминот е-маил на бизнис луѓето им го покачува притисокот и дека треба да одберат име кое ќе ги евоцира на среќа.Така електронската направа добила име по овошје.

Firefox


Во Mozilla сакаа силно име за нивниот производ па го избраа Firebird (огнена птица),силно име кое во Америка може да се поврзи и со истоимениот амтомобил.Меѓутоа тоа име веќе го користеше еден open source проект па е избран близок збор-Firefox.Мора на ова да се сетил некој љубител на животните бидејќи firefox е џуџеста црвена панда која повеќе личи на ракун отколку на панда која сите ја познаваме.Во Mozilla беа задоволни бидејќи името никој не го користел и не било вообичаено но одлично им звучело.

Android


Oперативниот систем на Google не добил име по некое фантастично дело ниту било посебно смислено.Google во 2005 година купил фирма која во тајност се занимавала со софтвери за мобилни телефони а името на таа фирма била Android Inc.а проектот на Google е поврзан со мобилните телефони и го наследил името на фирмата.

Mac


Компјутерите на Apple порано на почетокот се викале Macintosh па во 1990 година било скратено на Mac,а своето оригинално име го добиле по омилениот вид на јаболка на Jef Raskin вработен во моментот во Apple.Впрочем јаболката не се викаат Macintosh туку McIntosh,но од правни причини компјутерот не можел да го добие тоа име па донекаде е изменето.

Xbox


Направен е од Microsoft за да му го земе колачот на пазарот на Sony.Во својата прва верзија била означена како убаво запакувано PC. Microsoft во изработката на Xbox користел што е можно повеќе негови технологии кои тогаш биле произведени за PC па затоа најлесно било да се направи модифициран компјутер.Microsoft дал до занење дека Xbox користи PC технологија а нејзин најважен дел е DirectX API.Првото име за конзолата беше DirectX Box,но маркетинскиот оддел го скратил на Xbox.

iPod


Списанието Wired дознал дека името на минијатурното MP3 player го дал Winni Chieco стручњак посебно најден за имиња и рекламни кампањи на Apple MP3 player.Steve Jobs им објаснал дека компјутерот Mac ќе биде хуб за другите апарати,а MP3 player е еден од тие апарати.Chieco ја добил асоцијацијата за вселенски брод кој ја напуштал капсулата (pod) и повторно се спојуваа за земање на гориво.Името pod го оправда и едноставниот чист дизајн на player,а додадено е тоа да се означи како Apple производ.

Sony VAIO


Името VAIO го носат сите компјутери на Sony,а всушност се работи за кратенка во почетокот која го имаше значењето Video Audio Integrated Operation,за на десетгодишницата кратенката беше променета во Visual Audio Intelligence Organizer.Името го осмисли Timothy Hanley,а за Sony големо враќање на производството на компјутери.Sony во осумдесетите години произведе компјутер за јапонскиот пазар за во 1990 година да излези од таа работа.Во 1996 госина Sony се враќа на големата врата и произведува компјутери за целио свет,а за да е поинаков од беж кутијата на другите произведители,неговите производи добиваат име vaio и нудат над просечна мултимедијална можност.

ThinkPad


Леново е сопственик на името ThinkPad од 2005 година кога IBM го продаде на кинескатаа фирма.Името ThinkPad е од 1992 година го смисли истражувачкиот оддел на IBM,а како инспирација им послужила службениот дневен бележник со кожен омот на кој било напишано 'Think'.На водачите на фирмата не им се допаднало името не содржело бројки и им звучело неозбилно,но новинарите го дознале името кое им се допаднало и така брзо се проширило во јавноста.


GeForce


Првите серии на 3D забрзувачките графички картици го носеа името Riva.Очигледно производителот не бил задоволен со името,па во 1999 година организирале натпревар под името ‘Name That Chip’.Име можел секој да прати,а наградите биле производи од Nvidia.Биле собрани околу 12.000 предлози, а Nvidia најмногу одговараше со GeForce.

 

Copyright © 2009 selotejp.com