-->

Новата E класа во Coupe изведба

По илјадници шпиунски фотографии, Mercedes конечно на јавноста и го покажа вистинскиот изглед на новата Е класа во купе изведба. Прекрасен автомобил.

Новата Е класа љубителите на автомобили или ќе ја обожуваат или ќе ја мразат. Тука нема средина. Впрочем, така е со повеќето модели на Mercedes. Фабриката од Штутгарт од секогаш негувала специфичен стил кој не е по сечиј вкус. Но, доколку ви се допаѓа новата Е класа, тогаш Е Coupe ќе ви се допаѓа уште повеќе.

Купе верзијата не само што е поубава, туку е и поштедлива од претходникот. Новиот Е троши дури 17% помалку гориво благодарение на новите технологии и поефикасните мотори. Кога сме кај моторите, Е Coupe засега се нуди со пет различни - дизелски од 204 и 231 КС и бензинци со 204, 292 и најсилниот од 388 коњски сили.

Mercedes не би бил Mercedes доколку во секој нов автомобил на вгради куп електроника, па така и E Coupe има цело чудо системи кои го прават возењето побезбедно и поудобно.

Нарачките за новата "мечка" почнаа да се примаат од 19-ти февруари, па ако имате педесетина илјади евра вишок - повелете. На нас ќе ни дадете едно кругче низ маало, може? :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com