Грчки полицац уби еден човек, а полесно рани друг, откако почнал неконтролирано да пука кон возачи на пат на островот Крит.
За инцидентот, кој се случил синоќа во близина на градот Ханија, полицијата била информирана од возач чиј автомобил бил погоден од кушрумите, истрелани од психички растроениот полицаец.
Полицаецот, кон крајот на работниот ден се скрил зад едно дрво во близина на патот и почнал неконтролирано да пука кон автомобилите.
Убиениот возач бил прострелан во глава.
Колегите на полицецот, изјавија дека тој има 32 години и оти има психички проблеми.