-->

Тениската репрезентација на прием во АМС


Денес, во просториите на Агенција за млади и спорт по повод настапот на македонската тениска репрезентација во Дејвис куп натпреварите во Првата Евро-Африканска зона, директорот Драган Ѓурчевски ја прими тениската репрезентација.

Воедно директорот Драган Ѓурчевски на приемот образложи и во делот каде што aгенцијата за млади и спорт помогна на тениската репрезентација со 650.000 илјади денари со што овозможи непречено учество на нашите репрезентативци на претстојниот меч со Јужно Африканската Република.

Исто така директорот се надоврза дека агенцијата за млади и спорт преку изградба на 100 (сто) тениски терени низ целата држава кои ќе започнат во април , ќе продолжи да го развива овој спорт.

 

Copyright © 2009 selotejp.com