-->

Телевизија за мирисање

Кога е во прашање телевизијата, секогаш нешто недостасува. Има слика, има звук, уште само да може да се допре и помириса.

Што се однесува до допирите ќе мора да почекаме уште некое време, но мирисот повеќе не би требало да претставува проблем. Дизајнерот Нуни Теиксеир го претстави концептот SMELLIT кој би требало вашата дневна соба да ја претвори во царство на мирисите. Или на смрдеата, зависно од тоа што гледате.

Системот треба да биде во интергација со ДВД плеер и со помош на информациите на дискот со филмот, да испушта мирис во просторијата. Од каде мирис? SMELLIT содржи 118 ампули со најразлични мириси, а комбинациите на тие мириси би требало да бидат доволни за сите носни уживања.

Интересен концепт, но на дизајнерот мора да му укажеме на неколку проблеми. Нуни другар, како ќе ги наговориш филмските студија на ДВД дисковите да почнат да штанцаат информации за тоа кој мирис да биде испуштен од твојот уред? Второ, што ако гледаме некој хорор или воен филм со сцени од тела во распаѓање? Или некој трилер каде актерите ползат по канализација? Или порнич, во кој главната актерка почне да испушта гасови од премногу анална акција?

Се надеваме дека од идејава нема да испадне ништо.

 

Copyright © 2009 selotejp.com