-->

Милан не оди во рацете на Сити


Челниците на Милан ги демантираа шпекулациите дека сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур бин Заиед и неговата Абу Даби Јунајтед Груп се заинтересирани да откупат 40% од акциите на клубот.

Дневникот Corriere della Sera објави дека инвестициската куќа АДУГ, која е сопственик на Манчестер Сити, понудила 500 милиони евра за 40% од акциите на Милан. Понудата наводно била предложена уште во јануари додека траеја преговорите за трансфер на Кака.

„Информациите во јавноста немаат врска со вистината“, изјавија официјални преставници на Милан.

Мнозински сопственик на Милан е холдингот Фининвест, кој го држи премиерот Силвио Берлускони.

 

Copyright © 2009 selotejp.com