„Сведмилк“ утре ќе почне да ги исплаќа фармерите на кои за откупеното млеко, за последните седум месеци, им должи околу четири милиони евра. Ова денеска го соопшти менаџерскиот тим на средба со производителите-кооперанти во млекарницата.
- Го одржавме нашиот збор дека префрлањето на средствата ќе почне до крајот на неделата. Сигурни сме во иднината на фабриката, во нејзините капацитети. Веќе имаме направено договори за извоз, а остануваме силно присутни и на македонскиот пазар, вели во писмената изјава до медиумите генералниот менаџер на „Сведмилк“ Моше Баум.
Тој информира дека млекарницата денеска поднесе тужба за наплата на долгот од Велија Рамковски, сопственик на А1 телевизија и на маркетите Хедис, во износ од околу 300.000 евра.
- Средствата што ќе ги добиеме од судската разврска ќе ги донираме на Детската клиника во Скопје, додава Баум.
И фармерите потврдија дека исплатата на долгот ќе почне утре.
- Состанокот беше по барање на менаџерите на млекарницата за да се расчистат некои работи за кои подолго време се дискутира во јавноста. Се договоривме секоја недела да имаме состаноци, на кои, пред се, ќе се договараат цената на млекото и условите под кои ќе се предава, но ќе се зборува и за тековно решавање на проблемите, изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.
Во меѓувреме, фармерите едвај ја прехрануваат стоката поради што производството е преполовено. Гладувањето на кравите, велат, се одрази и врз квалитетот на млекото.
„Сведмилк Македонија“ ДООЕЛ со новиот сопственик е регистрирана на 17 овој месец, кога и официјално беше 100 отсто преземена од „Феникс Енерџи“. Компанијата со тоа наследи