-->

Чудотворната вода

Тоа што Русите и Јапонците го знаат со децении, неодамна започнаа да го откриваат и Американците - за чистење не се потребни никакви хемикалии, ниту детергенти. Доволна е само необична вода.

Електролизираната вода е токму тоа што може да се заклучи од нејзиното име - обична вода со додаток на соли со кои е подложена на нисконапонска електролиза. Под дејство на напонот, молекулите на солите ги менуваат својствата и стануваат подобар детергент од било кое купечко средство за чистење или дезинфекција. Доволно е силна да ги убие дури и причинителите на антракс без никакви последици за луѓето и околината.

Ваквата вода е десет пати поделотворна од избелувачите во убивање на бактериите и потполно е безбедна - изјави Јен-Чон Хунг, професор кој веќе 10 години ја проучува електролизираната вода.

Но, постојат неколку проблеми кои ја спречуваат нејзината поширока примена. Водата брзо ги губи своите својства и не може долго да се чува складирана, а машините за производство на ваква вода се сеуште прескапи и наменети првенствено за индустриско производство.

Истата "чудотворна" вода се користи веќе долго време во Русија за дезинфекција на нафтените дупчалки, Јапонците полнат базени со ваква вода и не употребуваат хлор, а кај нас во Европа се користи за чистење на лоши изгореници.

Многумина се сеуште скептични кога е во прашање електролизираната вода, бидејќи делува предобро за да би било вистинито. Со појавата на се помали и поефтини машини за електролиза кои би можеле да се инсталираат и во домаќинствата, и најголемите скептици ќе се уверат дека водата не е добра само за бањање, туку и за темелно чистење.

Сепак, кога станува збор за пиењето, ние ќе останеме на обична. И пиво.

 

Copyright © 2009 selotejp.com