-->

Марихуаната го зголемува ризикот од рак на тестиси

Зачестеното или долготрајното консумирање на марихуана може да го зголеми ризикот од рак на тестиси, покажува последното американско истражување.

Студијата спроведена на 369 мажи, објавена во магазинот Cancer, покажа дека редовните консументи на марихуана имаат двојно поголем ризик од оние кои никогаш не пушеле марихуана.

Резултатите на истражувањето спроведено од Фред Хатчинсон центарот за истражување на ракот од Сиетл, сугерираат дека марихуаната би можела да биде поврзана со еден од најагресивните видови на ракови. Ракот на тестисите е еден од најчестите ракови кај младите луѓе, а во Северна Америка и Европа се појавува многу почесто отколку во остатокот од светот и овој тренд постојано расте.

До сега познатите фактори за ризик кај ракот на тестиси беа повредите на тестисите, историјата за болест на тестиси во фамилијата, како и случаите кога на детето нема да му се спуштат тестисите. Ова сега е првата студија која се фокусираше само на конзумирањето на марихуаната како можна причина. Во истражувањето учествувале 369 мажи на возраст од 18 до 44 години кај кои е дијагностициран рак на тестисите, по што се испитувани за конзумирање на марихуана.

Се чини дека само пушењето на марихуана го зголемува ризикот од овој вид рак за 70%, додека оние кои зачестено пушат или започнале да пушат на порана возраст имаат двојно поголем ризик од оние кои никогаш не пушеле.

 

Copyright © 2009 selotejp.com