Taa e една од најомилените парчиња која можи да се прилагоди на сите комбинации.
Дневна или вечерна или за секојдневна пригода,кожната јакна зазеде истакнато место во колекцијата на многу креатори и за оваа сезона пролет/лето 2009 година.
Тренд модел-мала кожна јакна
При изборот секогаш се двоумиме кој модел на јакна да се одбери,каков крој,каква кожа дали да е сјајна, лакирана..Малата кожна јакна хит е оваа сезона..
Девојките сакаат „бунтовничка„ рокерка со патенти и нитни,која со фармерки или мини сукњичка убаво ќе им стои-тесно и струкирано.Ако не ви одговара таков модел во тој случај одберете класичен модел,може да е нешто подолга јакната а модерна варијанта е со двојно закопчување со кој ќе се нагласи работниот стил.
Кај кожните јакни одлично е што можат да се комбинираат со различни материјали со суќна од жерсе што некогаш беше незамисливо.Фармерките од испран џинс и робусна кожна јакна е проверена комбинација.
Или друг предлог:кратка јакна од квалитетна и не премногу сјајна кожа во комбинација со лесно фустанче за вечерните излегувања е одлична комбинација за оваа пролет.Потоа добар избор е сјајна јакна украсена со копчиња но не премногу припиена на телото или кожна јакна и кожно мини со висока потпетица е одлична комбинација која делува самоуверено и женствено.
Црна-класика,живи бои за пролетен look
Кога боите се во прашање,доминира црната,таа е класика.Застапена е доста и кафената боја.Лакираната кожа доста е модерна последните сезони.
Многу не можат да им одолеат на кожните јакни во плава,жолта ,виолетова или црвена боја,па ако моделот добро ви прилега зошто да не експериментирате со боите особено со доаѓањето на пролетта.Атрактивните модели со појаки бои даваат модерен изглед.
Со кожната јакна која оваа пролет е кратка и тесна,тешко дека ќе останете неприметни.Таа се носи во сие пригоди и допуштете си оваа прлет да се најди во вашиот пролетен styling.