-->

Астрономија според Ватикан

Главниот ватикански астроном, отец Хозе Габриел Фунез изјави за научниот магазин Фокус дека не ја исклучува можноста за постоење на вонземјани.

„Можно е во универзумот да постојат други облици на живот кои имаат разум“, изјави Фунез во интервјуто за Фокус.

„Се проценува дека има 100 милијарди соѕвездија, и во секое по 100 милијарди ѕвезди, околу кои кружат планети. Според тоа, голема е веројатноста да постои планета слична на нашата. Можно е во вселената да постојат други облици на живот“, рече Фунез.

Според него, теоријата на Биг Бенг најуверливо го објаснува универзумот, и не е контрадикторна со постоењето на Бог Создателот, додавајќи дека астрономијата и верата во Бог на ниеден начин не се меѓусебно спротивставени.

Фунез е водител на ватиканскиот ѕвездарник сместен во апостолската палата на замокот Гандолф, близу Рим.

Меѓутоа, поради големото загадување на воздухот во Рим и намалената видливост кон небото, ватиканскиот ѕвездарник своите набљудувања на вселената најчесто ги врши во Тусон, Аризона.

 

Copyright © 2009 selotejp.com