-->

УЕФА покренува истрага против Мурињо


Европската фудбалска федерација најави истрага против тренерот на Интер, Жозе Мурињо по неговите коментари за судењето на мечот против Манчестер Јунајтед.

„Ќе испитаме што рекол Мурињо по натпреварот и потоа ќе одлучиме за понатамошните чекори“, нагласи портпаролот на УЕФА.

Мурињо по натпреварот кој заврши без голови беше многу незадоволен од судењето, а на Шпанецот Медина Канталехо најмногу му замери што не досуди пенал за Интер по прекршокот на Адријано.

„Ако во реваншот на Олд Трафорд имаме заштита од судиите каква што имаше Манчестер во Милано, сигурно ќе поминеме во четвртфиналето“, изјави тренерот на Интер.

„Судијата беше фантастичен. Доволно е да се погледне бројот на слободни удари, како и начинот на кој моите играчи ги казнуваше со жолти картони“, вели Португалецот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com