-->

Уценуван свештеник со компромитирачка видео снимка


Лицата М.К.(21) и Б.С.(45) од Скопје се осомничени дека во текот на февруари 2009 година на 67- годишно лице од Скопје во повеќе наврати телефонски му се заканувале дека на интернет, во дневните печатени медиуми, како и на неговото семејство ќе достават негови компромитирачки фотографии со сексуална содржина (орален секс) кои ќе му наштетат на неговата чест, углед и достоинство, доколку не им исплати пет илјади евра.

Откако вчера успеале да го убедат да им даде илјада евра, а тие нему му ги дале компромитирачките фотографии, сториле кривично дело „уцена“, соопшти денеска МВР.

Првопријавената била вработена како масерка во козметичкото студио „Зока” лоцирано на ул. „Жан Жорес” бб во населба Маџари. Во текот на месецов се запознала со оштетениот кој користел услуги за масажа во повеќе наврати. Истите по кусо време по предходен договор започнале и интимни средби на кои покрај масерските услуги пријавената му пружала и сексуални услуги, а добивала парична надокнада од две до три илјади денари. Таа при една нивна средба во салонот „Зока” го искористила неговото невнимание и со нејзиниот мобилен телефон без согласност и знаење на оштетениот се сликала со него при вршењето на сексуалниот чин. По тој настан, пријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист на оштетениот му се заканувала дека фотографиите ќе ги искористи како компромитирачки материјал и со тоа ќе му наштети на неговата чест, углед и достоинство, доколку истиот не и даде пет илјади евра.

Пријавената побарала помош во реализирањето на целта од лицето Б.С. да и помогне при што добиените парични средства од оштетениот требале да ги поделат меѓусебно.

По предходен телефонски договор пријавената и оштетениот вчера околу 10 часот се сретнале во ресторанот „Галеб” со договор оштетениот да и даде илјада евра. За тоа веме Б.С. ја чекал пријавената пред ресторанот во патничко моторно возило „Волво” со скопски регистерски ознаки со намера да ја следи ситуацијата и да ја извести доколку дојде полиција. Таа при средбата со оштетениот добила илајда евра и во тој момент од страна скопската полиција двајцата се приведени.

Пријавените го признале и појаснија извршеното кривично дело. МВР соопшти дека второпријавениот е познат на службата и против него се поднесувани кривични пријави за тешка кражба и одземање на моторно возило.

 

Copyright © 2009 selotejp.com