-->

Групацијата на такси превозници бара пролонгирање на лиценците

Градот Скопје да дозволи привремено продолжување на постоечките авто-такси лиценци зашто нивниот рок на важност наскоро истекува и да овозможи издавање нови, привремени лиценци, бара Групацијата на авто-такси превозот на Град Скопје.

Групацијата денеска соопшти дека таксистите, не по нивна вина, се спречени да извадат нови или да ги продолжат старите лиценци. Тие потсетуваат дека со повеќе државни институции веќе договориле промена на законите што ја регулираат оваа област од кои дел се во фаза на донесување.

Во Групацијата на авто-такси превозот на Град Скопје членуваат 26 такси компании.

 

Copyright © 2009 selotejp.com