-->

Премиерот Груевски ги кани на средба лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА

Претседателот на Владата на Република Македонија испрати писмо до лидерите на трите најголеми парламентарни партии со кое ги кани на лидерска средба в недела во Клубот на пратениците во Скопје.

Средбата, како што се наведува во писмото, ќе биде посветена на прашања поврзани со претстојните претседателски и локални избори и разгледување на сите аспекти како предуслов за нивно одвивање во фер и демократска атмосфера.

- Претстојните изборни циклуси во нашата држава, потребата од нивно одвивање во фер и демократска атмосфера и натамошното унапредување на демократските процедури во нивното спроведување, е едно од приоритетните прашања со кои се соочува нашата држава, и истото е од значење за натамошната европска интеграција на Република Македонија и нејзиниот севкупен демократски развој. Земајќи го предвид фактот што успешното одвивање на овие процеси е предодредено од постоењето на политичка волја, позитивен пристап и посветеност од сите политички субјекти во Република Македонија, а со цел градење позитивна атмосфера во пресрет на изборите, истакнување на политичката одговорност, како и демонстрирање заедништво околу овој важен приоритет, Ве поканувам да оствариме заедничка средба на која би присуствувале лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, се

 

Copyright © 2009 selotejp.com