-->

Бакојани: Прашањето за името е во застој

Процесот за решавање на прашањето за името во овој момент е во застој, изјавила грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани по вчерашната средба во Њујорк со посредникот на ОН Метју Нимиц.

Бакојани, како што јави грчкото радио „Скај“, рекла дека средбата била од информативен карактер и оти бил направен преглед на преговарачкиот процес.

Нимиц, пак, изјавил дека со шефицата на грчката дипломатија размениле мислења за развојот на преговорите, без да соопшти повеќе детали.

Бакојани која со средбата со Нимиц ја заврши неколкудневна посета на САД во својство на претседавач на ОБСЕ, вчера во Вашингтон се сретна и со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Медиумите во Грција информираат дека станало збор за билатералната соработка, за грчкот-турските односи, за кипaрското прашање, но не прецизираат дали се разговарало и за спорот за името.

 

Copyright © 2009 selotejp.com