-->

Гелот против ХИВ би можел да биде ефикасен

Геловите кои ги штитат жените од инфекција со ХИВ би можеле да бидат ефикасни, објавија научниците.

Истражувањето спроведено на 3.000 жени покажало дека гелот кој го произведува компанијата Indevus Pharmaceutical од Масачусетс ја намалил стапката на зараза за третина, а две студии кои го проучувале гелот Truvada на компанијата Gilead Sciences Inc покажале дека производот целосно ја спречува заразата кога се нанесува како гел.

Резултатите од истражувањето претставени во Канада ги покажуваат можните начини како да се запре пандемијата на смртоносниот ХИВ вирус кој годишно заразува 33 милиони, а убива 25 милиони луѓе.

Докторот Салим Абдул Карим од Центарот за истражување на сидата во Јужноафриканската Република го тестирал гелот Indevus PRO 2000 на жени кои не се заразени со ХИВ, но кои имаат заразени сопрузи.

Иако само испитувале дали е сигурен за употреба кај луѓето, се покажало дека Indevus ја намалил за третина стапката на инфекција.

"Ова е прва студија која покажува дека имаме ветувачки кандидат", изјави Карим.

"Како да се убеди жена на село која е во брак и која сака да има деца да се заштити од ХИВ", запраша Карим. "Не можеме да бараме воздржување од секс, ниту верност бидејќи веќе е верна, а не можеме ни да бараме употреба на кондом, бидејќи сака да затрудни", предупреди Карим.

 

Copyright © 2009 selotejp.com